Индивидуално Осигурување на Живот

Со животното осигурување не само што сте чекор пред изненадувањата кои ги носи животот, туку истовремено тоа претставува и сигурен облик на штедење. Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.

ПРИДОБИВКИ:

  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување;
  •  Ви припишуваме добивка;
  •  Загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањето;
  •  Бидете чекор пред изненадувањата кои ги носи животот;
  • Обезбедете финансиска сигурност за Вас и Вашето семејство;
  • Создавате капитал за Вашите идни планови;
  • Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се прифаќаат лица од 14 до 65 години – Oсигурувањето да заврши на 75 годишна возраст.
  • Можност за избор на динамика на плаќање : месечно, квартално, полугодишно, годишно, еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата дирекција.
  • Траење на осигурувањето – 10 до 25 години.

Полисата опфаќа лица од 14 – 65 годишна возраст и истата е прилагодлива согласно Вашите можности и потреби, односно сами избирате колку ќе уплаќате и на тој начин сами ги дефинирате и осигурените суми.

  • ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА
    • Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
    • Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
    • Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај

Дополнителното осигурување од незгода е просторно и временски неограничено.

  • ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ТЕШКО БОЛНИ СОСТОЈБИ

ЛИСТА НА БОЛЕСТИ ОПФАТЕНИ СО „CROATIA ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ТЕШКО БОЛНИ СОСТОЈБИ“:

  • Исхемична болест на срце
  • Срцев удар
  • Мозочен удар
  • Мултиплекс склероза
  • Паркинсова болест
  • Алцхајмеровата болест
  • СИДА
  • Хронично затајување на функцијата на бубрезите
  • Затајување на црн дроб
  • Анкилозантен спонделит
  • Ревматоиден артритис
  • Малигни болести (рак)

Осигурителниот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за плаќање на трошоци кои не ги покриваат другите осигурувања.

  • ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД МАЛИГНИ БОЛЕСТИ