Коко – Детско штедно осигурување

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција..

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.

ПРИДОБИВКИ:

  • Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен  живот
  • Штедна компонента – Сите средства кои ги вложувате се повратни, дополнително Ви припишуваме добивка
  • Заштитено со девизна клаузула
  • Осигурување за целото времетраење на договорот
  • Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили
  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години.
  • Траењето на осигурувањето e од 10 до 25 години.
  • Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција.
  • КЛАСИК ОСИГУРУВАЊЕ – Детско штедно осигурување со дополнително осигурување од несреќен случај  и повеќекратна уплата на премии (месечно, квартално, полугодишно и годишно).
  • ЕКСКЛУЗИВ ОСИГУРУВАЊЕ – Детско штедно осигурување со дополнително осигурување од несреќен случај  и еднократна уплата на премија за целиот осигурителен период.

Обезбедете им на Ваште најмили:

  • квалитетно образование
  • незаборавни патувања
  • автомобил од соништата
  • сопствен стан
  • капитал за започнување на сопствен бизнис

Кроациа Осигурување – Живот со полисата за Детско Штедно Осигурување на Вашите најмили им подарува сигурна иднина, но и можност целото семејство да отпатува во Дизниленд.

Сите деца кои во текот на годината ќе станат наши Осигуреници, стануваат учесници во наградната игра „ Најсреќно дете“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор го избираме на крајот од годината.

 

Вистинската одлука потребно е да ја донесете во вистински момент!