Зимско патничко осигурување

Незгодите се случуваат непланирано. Некојпат тие се предизвикани од надворешни влијанија, а некогаш од невнимание. Со  полисата за зимско патничко осигурување од големото портфолио на Кроација, ќе  бидете безгрижни при патување кон Вашата зимска дестинација и ќе можете да уживате во убавините во некој од зимските центри во странство.

При склучување на полисата за патничко  осигурување, најчесто скијањето не е покриено со патничкото осигурување. Во тој момент осигуреникот е оставен без асистенција и на свој трошок да ги покрие трошоците од настанатиот несреќен случај. Обезбедуваме патничко осигурување за нашите осигуреници со кое ќе сте безбедни и на ски патеките.

 

извор: https://freepik.com/

 

Во случај на незгода нашиот “call” центар ќе биде Ваша  асистенција и ќе се потруди да ве упати каде најлесно и најблизу да бидете згрижени, а ние ќе ги покриеме трошоците до 30.000 Евра, без обврска за Ваша наплата на лице место.

Затоа сме поразлични, затоа сме Ваши пријатели.

Кроација осигурување секогаш на страната на своите осигуреници.

Извор: Кроација осигурување