Кроација осигурување / ЖИВОТ АД преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Друштвото.

“Во согласност со член 166-6 став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве информираме дека на Извршниот член на Одборот на директори г-ѓа Вилма Учета Дузлевска и престана функцијата поради поднесена оставка заклучно со 09.11.2019 година. За нов Извршен член на Одборот на директори е именувана г-ѓа Маја Станковска Костова, почнувајќи од 10.11.2019 година.” – се вели во соопштението на Кроациа осигурување/живот АД Скопје.

Со измените, Одборот на директори на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ / Живот  АД го сочинуваат:

  • Маја Станковска Костова – Извршен член
  • Ванчо Бален – Неизвршен член
  • Матија Јурин – Неизвршен член
  • Огњен Блажевски – Независен неизвршен член

 

Одборот на директори на Кроација Осигурување – Друштво за неживотно осигурување го сочинуваат:

  • Вилма Учета – Дузлевска- извршен член, Генерален директор
  • Роберт Вучковиќ – неизвршен член и Претседател на одбор на директори
  • Анте Гавран – неизвршен член
  • Дарко Данев – неизвршен независен член