Речник на поими

  • Понуда – Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;

 

  • Полиса – Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;

 

  • Премија – Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА

 

  • Понудувач – Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;

 

  • Договорувач – Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;

 

  • Осигуреник – Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;

 

  • Корисник – Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;

 

  • Договорена осигурена сума – Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;

 

  • Добивка –  Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.

 

  • Математичка резерва – Математичка резерва – осигурувачот е законски должен да формира фонд – математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.

 

  • Услови за осигурување – Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување. Одредбите од општите услови за осигурување по правило се регулирани со законски прописи и спогодби на осигурувачите.