Иако понекогаш се чини невозможно, сепак има малку трикови и совети со кои ќе заштедите пари и ќе ви помогнат да го направите вашиот домашен буџет побогат за значителен износ на пари. Ова се најпрактичните совети.

1. Заштедите пари користејќи ги придобивките од новите технологии

Ќе се согласите дека сметката за струја што ја добивате секој месец е важна ставка кон која годишно се одлева голема сума пари. Електричната сметка може да биде помала.

Кога купувате електрични уреди, видете ја енергетската класа, бидејќи покажува колку струја троши овој уред. Тоа не е лоша инвестиција да дадете некој денар повеќе кога купувате машина, бидејќи за некое време ќе ни се врати и ќе почнеме да штедиме.

 

2. Планирајте го вашиот одмор однапред

Годишните одмори се голем трошок за секое семејство, ако семејството е со повеќе членови цената на аранжманот често надминува неколку илјади евра, што всушност не е мала сума.
Раната резевација ќе ви овозможи да искористите големите попусти кои ги нудат скоро сите агенции. Попустите можат да бидат од 10-40% од вкупната цена, што за повеќе члено семејство може да биде голема сума.
Затоа совет е да го испланирате летниот одмор колку можете порано, со тоа ќе добиете поголем попуст.

 

3. Како да заштедите пари со купување храна за акција

Многу семејства кои живеат во западните земји штедат со тоа што ги пратат сите акции кои ги нудат големите маркети. Кога ќе се соберат повеќе производи кои се на акција, можете да добиете сума пари со која ќе можете да добиете некои од предметите бесплатно.

Често некои секојдневни потреби се поевтини ако ги купувате во паќет од два или три производи, каде што едниот производ доаѓа како гратис.

 

4. Намалете го бројот на електронските картички што ги користите

Денес луѓето користат голем број на најразновидни кредитни и платежни картички.

Банките за секоја од нив наплаќаат за одржување, па затоа ако сакате да заштедите совет е да ги одјавите картичките кои ретко ги користите и да се определите за користење на максимум две картички.

 

5. Намалето го користењето на автомобилот

Докторите се повеќе апелираат до лугето за што повеќе да се движат и да се бават со спорт, затоа што начинот на живот се повеќе е поврзан со работа во затворен простор.

Затоа ќе имате повеќе придобивки ако почнете да го избегнувате користењето на автомобилот до некои места кои ви се блиску или до кои можете да стигнете и пешки. Колку помалку го возите автомобилот толку повеќе ќе заштедите пари кои би ги дале за гориво, а исто така ќе заштедите пари кои би ги дале за поправки на автомобилот.

 

6. Купете го само она што ќе можете да го потрошите

Кога купуваме прехранбени производи често пати знаеме да купиме и она што е потребно и тоа што не е. Совет за тие кои сакаат да заштедат е да купуваат храна која можат да ја потрошат за недела дена. Прехранбените производи кои се расипливи купувајте ги во помали количини, или ако купувате поголема количина која е на акција можете да ја замрзните па да ја искористите кога ќе ви е потребно.

Стекнете навика да го читате и рокот на употреба на сите производи кои ги купувате.

 

 

За да ги постигнете сите планирани заштеди, најдобро е да креирате план за заштеда, да нацртате шема која ќе ја следите од месец до месец. На врвот на вашите заштеди треба да биде крајната цел, која исто така ќе биде ваш поттик да го издржите вашето придржување до крајот на вашиот план.

Како најдобар начин на долгорочно штедење е животното осигурување, кое освен штедење нуди и сигурност. Инвестициите може да бидат околу 20 евра месечно.

Колку порано почнете со штедење толку подобро за Вас.