Полисата за животно осигурување може да го промени вашиот живот, па така природно е да си поставувате многу прашања пред да донесете одлука.
Осигурителните друштва, со желба да понудат голем број производи, на народот им нудат и потполно неразбирливи и непривлечни осигурителни производи, или како што објаснува нобеловецот Ричард Талер во неговите книги, при случај на голем број опции лугето се одлучуваат да одберат едно големо ништо.

А кога е во прашање животното осигурување, ситуацијата би требало да биде екстремно едноставна.

Примарна функција на полисата за животно осигурување не треба да е заработката, односно финансиската добивка, туку како што и самото име кажува осигурување на животот.

 

Дали ни е потребно животно осигурување?


Основни три прашања кои треба да си ги поставиме:

  1.  – Дали финансиски се зависни од мене моите родители, партнер/ка, сопруг/а и деца. Односно доколку неочекувано  настапи смрт, дали моите најмили ќе има од што да живеат?
  2. -Имам ли долгови(кредити и сл.) кои во случај на моја неочекувана смрт, мојата фамилија ќе треба да продолжи да ги отплаќа?
  3. -Постои ли можност за моја смрт пред моите деца да станат финансиски независни од мене?

Доколку не некое од овие три прашања одговорот е позитивен нема дилеми дека Ви е потребно животно осигурување, останува само да го утврдите износот и периодот за осигурување.

Колку порано склучите полиса за животно осигурување, ќе добиете поголема сува (веројатноста за рана смрт е помала кај млади).  Доколку не ја склучите полисата како самостојни млади лица право време за склучување договор би требало да е кредитно задолжување, склучување на брак и раѓање на дете.

 

Осигурана сума  и траење на осигурување

Осигурена сума е износ којшто осигурителната компанија има обврска да го исплати при истекување на полисата односно доживување на осигурениот период или да го исплати при настанување на осигурениот случај односно смрт.

Износот кој сакате да го добиете е меѓусебно поврзан со годишната премија која ќе ја плаќате, односно колку поголема сума ќе се одлучите да издвојувате годишно толку поголема ќе е и осигурената сума.

Траењето на осигурување го одредувате вие но постои минимално траење и максимално траење, на пример минимум 10 години или максимум 25 години, во зависнот од компанијата.

 

животно осигурувањеВие може да се решите да ги вложите вашите пари во  банка, но што се случува со вложените средства доколку настапи смрт на штедачот/осигуреникот? Доколку се штеди во банка, законските наследници на штедачот би ги добиле исклучиво средствата кои се вложени до тој момент и тоа по комплицирани и често долготрајни судски постапки. Но ако се решите за склучување полиса за животно осигурување, само по една единствена уплата на премија, во случај на смрт, во најкус можен рок осигурителната компанија ќе исплати сума како да е плаќано 25 години на корисниците кои се наведени во полисата, доколку полисата е со траење од 25 години. Дали ја забележувате разликата која ја носи осигурителната компонента?

 

Колку побргу склучите полиса толку подобро,  осигурувањето на живот е долгорочна инвестиција и така треба да му се пристапи.