Дали Вашиот автомобил, стан или имот вреди повеќе од Вашиот живот и иднината на Вашето семејство?  Дали сте размислувале во колкава мера Вашето семејство е финансиски зависно од Вас?

 

Се повеќе Македонци се одлучуваат да обезбедат финансиски сигурна иднина за своето семејство со склучување на полиса за осигурување на живот.

 

Оваа полиса примарно гарантира исплата на осигурена сума која обезбедува финансиски сигурна иднина за најблиското семејство на осигуреникот. Дополнително, оваа полиса може да вклучува осигурителни компоненти кои Ве штитат од незгода и болести, а нејзината атрактивност ја зголемува фактот дека компанијата врши поврат на вложените средтства доколку осигуреникот го доживее истекот на полисата.

 

 осигурување

 

Водечката компанија за осигурување на живот, Кроациа осигурување – Живот, располага со портфолио на производи кое е така прилагодено да секоја полиса претставува единствено решение целосно приспособливо на Вашите индивидуални потреби и можности, односно сами ја избирате висината на осигурената сума, начинот на плаќање, како и ризиците од кои сака да биде осигурани.

 

ПРИДОБИВКИ:

  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување;
  •  Ви припишуваме добивка;
  •  Загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањето;
  •  Бидете чекор пред изненадувањата кои ги носи животот;
  • Обезбедете финансиска сигурност за Вас и Вашето семејство;
  • Создавате капитал за Вашите идни планови;
  • Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија.

 

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се прифаќаат лица од 14 до 65 години – Oсигурувањето да заврши на 75 годишна возраст.
  • Можност за избор на динамика на плаќање : месечно, квартално, полугодишно, годишно, еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата дирекција.
  • Траење на осигурувањето – 10 до 25 години.