Безбедна иднина со полиса за животно осигурување!

 

Животното осигурување е наменето за луѓе кои размислуваат за својата иднина, затоа што полисата за животно осигурување, во исто време, обезбедува финансиска сигурност и стабилна, сигурна иднина!

Обезбедување на осигурителна заштита, едноставно вложување, загарантирана сигурност на вашите пари и загарантирана исплатана на осигурената сума се само некои од причините поради кои се повеќе се одлучуваат на ваков вид штедење и осигурување.

 

 

Осигурани, сигурни, слободни…

Она што е посебно примамливо и предност на полисата за животно осигурување е фактот дека сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами го креирате износот на крајната осигурена сума.

 

Сопствена сигурност

Животното осигурување овозможува долгорочно штедење кое може да се користи како финансиска поддршка во подоцнежните, пензионерски денови.

 

Финансиска сигурност за Вашето семејство

Осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт).


Животно осигурување

ПРИДОБИВКИ:

  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување;

  •  Ви припишуваме добивка;

  •  Загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањето;

  •  Бидете чекор пред изненадувањата кои ги носи животот;

  • Обезбедете финансиска сигурност за Вас и Вашето семејство;

  • Создавате капитал за Вашите идни планови;

  • Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија.