Полисата за животно осигурување може да промени нечиј живот, така што е природно луѓето да си поставуваат многу прашања пред да донесат одлука. Подолу се наведени некои од најчестите прашања

 

Дали имам пари за осигурување на живот?

Кога размислувате за осигурување, прва асоцијација ви е авто одговорност, каско, осигурување за домаќинството и т.н….. Но зарем Вие не сте на прво место, зарем не треба прво да го обезбедите вашиот живот и животот на вашите најблиски?
Ако одговорот е дека немате пари за да се заштитите себе си и вашето семејство, размислете за цената на една полиса, инвестирањето во безбедна иднина за вас и вашето семејство, која има иста цена како да имате чаша кафе секој ден во кафулето.

 

Имам ли приоритетни трошоци?

Доколку сте млад брачен пар кој штотуку добил бебе, се подразбира дека постојат поважни трошоци како што се креветче, количкa и други работи што на вашето новороденче му требаат. Без осигурување на живот, сите овие трошоци може да станат оптоварувачки или нема да вредат ништо ако некој од вас веќе нема да може да заработи. Детето не е само радост, туку и долгорочна одговорност. Неговата иднина зависи од навремените одлуки на неговите родители и затоа е добро родителите да почнат да штедат што е можно поскоро.

 

животно осигурување

 

Какви придобивки може да очекувам од осигурување на живот?

Не верувате во осигурување на живот?
Вие не гледате никаква корист од тоа, но сепак сфаќате колку е важна вашата плата за благосостојбата на вашите најблиски. Во случај да не сте во состојба да се грижите за нив, осигурувањето за живот станува приход што му помага на вашето семејство да го надмине тешкиот финансиски и емотивен животен век. Осигурувањето на живот е одлична форма на дисциплинирана заштеда – преку осигурување, можете да одвоите пари за иднината на вашите деца, за дополнително пензионирање или за исполнување на вашиот сон.

 

Премлад сум за да размислувам за животно осигурување?

Мислите дека со 25 години сте премлади за да размислувате за полиса за животно осигурување? Ние не сакаме да размислувате за лошите работи што може да се случат, но во иднина кога ќе имате повеќе одговорности, и сопствено семејство, сигурно дека ќе сакате да го заштитите. Ако осигурувањето за живот го склучите кога сте помлади, тоа ќе биде многу поевтино за вас. Со години, здравствената состојба се менува, износот на приходот може да варира, а трошоците за осигурување на живот со возраста се зголемуваат.